вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

5 реченици кои мажите ги изговараат кога потајно се заљубени во вас

5 реченици кои мажите ги изговараат кога потајно се заљубени во вас

Почетокот на врската може да биде одење по лизгав терен затоа што никогаш не знаете кој чекор да го направите за да го привлечете уште повеќе вашиот нов партнер.

Исто така многу од луѓето, особено мажите, водат сметка за тоа како се однесуваат на почеток на врската за да не делуваат премногу нападно или пак како да вршат притисок.

Мажите се познати и по тоа што потешко ги кажуваат емоциите, па нема да ви биде лесно да сфатите што чувствуваат кон вас и дали можеби се заљубени во вас.

Сепак, емоциите секогаш наоѓаат начин да излезат на површина, па така може да сфатите што чувствува личноста кон вас, доколку му обрнете внимание. Кога е заљубен, мажот често ги кажува следните работи.

1. Зборувај ми за себе

Тоа што ви поставува прашања за вашите хобија, интересирања, пријатели, семејство и внимателно ве слуша како му зборувате за тоа, не е само љубопитност.

2. Уживам во времето кое го поминувам со тебе

Кога мажот ужива во ваше друштво, тоа лесно ќе го видите по неговата опуштеност и обиди времето да го направи убаво да ви биде и вас. Често ќе ви зборува дека му недостасувате.

3. Сакам кога се смееш

Доколку ви го каже тоа, а покрај тоа постојано се обидува да ве насмее, дефинитивно е заљубен во вас. Доколку не е, не би му било толку важно да уживате со него.

4. Ми треба твој совет/помош

Експертите сметаат дека овој вид психолошки потег е за привлекување внимание. Со овие зборови, мажот ви покажува дека навистина му значи вашето мислење, дека ве смета за паметна личност и дека ве цени.

5. Прекрасно изгледаш

Комплиментите се јасен знак дека му се допаѓате многу. Доколку покрај вашата убавина ја истакнува и вашата интелигенција и шарм, дефинитивно е заљубен.