вторник, 30. јануари 2024. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Четири јасни знаци дека симпатијата сака сериозна врска со вас: Ситниците најмногу го издаваат

Четири јасни знаци дека симпатијата сака сериозна врска со вас: Ситниците најмногу го издаваат

Ќе ги читате неговите намери како книга

Веруваме дека нема девојка која барем еднаш во животот не си го поставила прашањето: „Како да знам дали му се допаѓам“.

Експертите за врски тврдат дека не е тешко да се препознае дали момчето ја гледа девојката само како пријателка или нешто повеќе, бидејќи неговите постапки ќе го откријат.

Целата работа е всушност во деталите и ситниците, наклонетоста кон некого не може лесно да се сокрие, бидејќи секој маж го издаваат некои универзални љубовни сигнали.

Ги менува своите планови за вас

Секој ја сака својата независност и една од најтешките работи во секоја врска е да ги координирате обврските и плановите, за да имате доволно квалитетно време заедно со потенцијалниот партнер, а секој да има време и за себе.

Ова бара прилагодување на распоредот и плановите, а тоа треба да го направи не само еден од партнерите, туку и двајцата. Но, фактот дека е подготвен да ги промени плановите и обврските, за да има повеќе време за вас – дефинитивно покажува дека се грижи и дека вложува во вашата врска, бидејќи верува дека вредите и дека вашата врска може да напредува.

Се однесува поинаку во ваше друштво

Мажите, инаку, не се склони да го менуваат својот вообичаен модел на однесување, тоа го прават само ако некој навистина и искрено им се допаѓа.

На тој начин ќе се обиде да го привлече вашето внимание. Ќе прави некои помалку чудни работи, а ако го знаете од порано, лесно ќе забележите дека нешто се случува.

Разговара со вас за иднината

мажот кој ве сака прави планови за иднината, вие секогаш ќе бидете во нив. Тоа е јасен знак дека нема и не сака да гледа во иднината, без да ве види вас покрај него како цврсто го држите за рака.

Се однесува заштитнички

Тој е способен да го остави своето друштво за да ве однесе кај пријателката за да не одите пешки по студот и темнината. Посветеноста им е силна страна на мажите, па тој ќе направи се за да биде вашиот суперхерој.