петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

ЧУВСТВУВАТЕ ДЕКА МАЖОТ ИГРА ТОПЛО-ЛАДНО СО ВАС? Има 3 причини за тоа, а само една работа која може да ја направите

ЧУВСТВУВАТЕ ДЕКА МАЖОТ ИГРА ТОПЛО-ЛАДНО СО ВАС? Има 3 причини за тоа, а само една работа која може да ја направите

Специјалистот за партнерски односи, Слаѓана Трикиќ, смета дека веднаш треба да престанете да губите време на маж кој ладно се однесува кон вас.

Некои девојки влегуваат во врска со маж кој некако ги збунува со своето однесување. Некогаш изгледа заинтересиран, па се повлекува и не одговара, па пак одговара и така во круг.

Овие топли и ладни игри имаат неколку причини зошто мажите го прават тоа, а трансформацискиот тренер, специјализиран за партнерски односи Слаѓана Трикиќ открива кои се тие:

– Првата причина е што тој едноставно не е сигурен како се чувствува за вас.
– Друга причина – тој не е сигурен дали врската во која стапил со вас е токму она што му треба и сака.
– Третата причина, која е исклучително честа – тој едноставно има повеќе опции во моментот.

– Без оглед на причината зошто мажот си игра топло-ладно со вас, не треба да го трошите вашето време обидувајќи се да го убедите во вашата вредност. Вашата цел не е да убедите некого во вашата вредност, туку да најдете некој кому тоа уверување воопшто не му треба – заклучува Слаѓана.

Дали некогаш сте имале ситуација кога некој (потенцијален) партнер се однесува вака и како сте го решиле тоа?