Клиничкиот психолог Џо Лембл одговори на познатото прашање дали на сегашниот партнер треба да му го откриеме секој детал од сексуалниот живот што сме го живееле во поранешна врска.
На Bodyandsoul.com.au, читател праша дали треба да се ослободи и да одговори на прашањата на нејзиниот сегашен партнер за сексуалните активности со нејзиниот поранешен. Таа вели дека нејзиниот сегашен партнер инсистира на детали и многу и е непријатно да разговара со него за тоа.
Еве што имаше да каже клиничкиот психолог Џо Лембл за ова:
– Одлично е што зборувате за се, но многу е важно и двајцата да се чувствувате удобно во текот на што и да правите. Ако ви е непријатно и не сакате да разговарате за претходните сексуални активности, тогаш не правете го тоа. Тоа навистина не значи дека сте затворени.
– Многу луѓе не сакаат да споделуваат интимни искуства кои ги имале со претходните партнери од различни причини. Сепак, многу е важно да му кажете на партнерот зошто не сакате да зборувате за тоа. Објаснете му зошто тоа ве прави да ви е непријатно и внимателно слушајте што тој всушност сака да знае за вашето минато.
– Сигурно подобро ќе се разберете кога малку повеќе ќе разговарате на темата. Запомнете – токму овие напнати разговори ја зајакнуваат врската и ја тестираат. Ако не дадете никакво објаснување, го оставате вашиот партнер да погодува, тоа може да резултира со негативно влијание врз вашата врска.
– Од друга страна, многу е важно да ја разберете точната причина поради која партнерот сака да знае детали од вашето минато, за да нема дополнително недоразбирање – заклучил психологот.