среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Десет знаци дека девојката е во право кога ви кажува дека не сте романтични

Десет знаци дека девојката е во право кога ви кажува дека не сте романтични

Една од причините зошто девојките се решаваат да ја прекинат врската е затоа што сметаат дека некои мажи едноставно не можат да им пружат нежност и романтика.

И додека на мажите романтиката им се чини како комплетно бесмислена, жените ја ценат и посакуваат.

Како со време да се поправите? Ова се 10 знаци дека девојката/сопругата е во право кога ви вика дека не сте романтични:

1. Вечерата со свеќи доаѓа предвид само ако нема струја.

2. Единствена заедничка прошетка ви е онаа до продавница или да го фрлите ѓубрето.

3. Подароци купувате само во своите мисли.

4. Карти за во кино не сте купиле со месеци.

5. За секоја пригода носите цвеќе. А, што друго сака?

6. И тоа, цвеќето сте го купиле некаде по пат.

7. Во вашата глава романтична вечера значи кога таа ќе зготви нешто мрсно.

8. Чоколадо ѝ купувате само кога е на попуст.

9. Се бакнувате само ако тоа води кон секс.

10. Спонтаност? Не сте сигурни што значи тоа.