недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

ФОТО: Илустрации кои потврдуваат дека суштината на љубовта е во малите работи

За жал, има луѓе кои овие илустрации не можат да ги разберат.
ФОТО: Илустрации кои потврдуваат дека суштината на љубовта е во малите работи

Уметничката од Лос Анџелес Аманда Олеандер доловува слатки мали моменти на љубов во своите илустрации. Црпејќи инспирација од сопствената романтична врска и собирајќи спомени од блиските луѓе, таа во своите илустрации покажува како изгледа љубовта кога никој не гледа.

-Фасцинирана сум од начинот на кој луѓето се однесуваат зад затворени врати, интимните моменти со луѓе за кои се грижат, а кои никогаш не ги гледаме. Тоа се моменти кои не можат да се документираат, бидејќи кога би можеле би го смениле начинот на кој човек се однесува. Затоа ги цртам, изјави Аманда.

Работела за најголемите светски списанија како The New York Mag, Seventeen, Cosmopolitan, Vanity Fair.

Погледнете некои од нејзините магично реалистични илустрации.