недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Гледајте го овде и ќе ПОЛУДИ ПО ВАС! Популарна тиктокерка откри трик на кој мажите „полудуваат“

Гледајте го овде и ќе ПОЛУДИ ПО ВАС! Популарна тиктокерка откри трик на кој мажите „полудуваат“

Доколку до сега не верувавте во љубов на прв поглед, можеби брзо ќе се премислите.

Машко-женските односи понекогаш не се толку едноставни како што би сакале да бидат. Така, наместо коцките сами да се редат, понекогаш треба малку да ги „бутнете“.

Една корисничка на „TikTok“, Софи-Роуз, тврди дека постои трик што ќе го натера вашиот симпатија веднаш да се заљуби во вас.

Во видеото кое стана вирално, таа објасни како овој трик функционира само ако го испробате на некој што веќе го познавате и со кого сте комуницирале, но не гарантира дека ќе функционира доколку го примените на непознат.

„Можеби нема нужно да делува на странци или луѓе со кои никогаш порано не сте разговарале, но навистина е добро да го пробате на симпатијата или некој што ви се допаѓа. Ова е одличен начин да го натерате да ве погледне со други очи“, рече таа, меѓу другото.

Во продолжение на видеото додава дека најпрво е потребно да се погрижите да разговарате сами со таа личност, а трикот е да гледате во различни делови од неговото лице неколку секунди.

„Прво гледајте во левото око на личноста околу една секунда, потоа држете го погледот на усните на личноста околу секунда и пол до две секунди, а потоа гледајте секунда во десното око на личноста што ви се допаѓа“, вели Софи-Роуз.

Инсистирајќи дека овој трик ќе ви помогне да бидете среќни во љубовта, Софи-Роуз додава: „Можам да гарантирам, ако го направите тоа со вистинската личност во вистинско време, таа буквално ќе падне од нозе“.

@sophieroselloyd

Hope this helps! Let me know in the comments if you want me to do any more tips💓

♬ Emotional (Instrumental) – BLVKSHP


Од објавувањето, видеото собра повеќе од 200.000 лајкови и илјадници коментари од луѓе кои сакаат сами да го пробаат трикот.