петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Илјадници луѓе остануваат без заработувачка: Еден од најубавите острови во светот се затвора за туристи

Во почетокот на оваа година, Дутерте изјави дека овој остров, познат по белиот песок, а милионите туристи секоја година го претвораат во „септичка јама“.
Илјадници луѓе остануваат без заработувачка: Еден од најубавите острови во светот се затвора за туристи

Филипинскиот остров Боракај ќе биде затворен за туристи во наредните шест месеци поради загриженост за оштетување на некогаш недопреното крајбрежје.

Портпаролот на претседателот Родриго Дутерте соопшти дека затворањето ќе почне 26 април, пренесува БиБиСи.

Во почетокот на оваа година, Дутерте изјави дека овој остров, познат по белиот песок, а милионите туристи секоја година го претвораат во „септичка јама“.

Како што се наведува, таа одлука предизвика загриженост на илјадниците луѓе кои живеат од туризам.

На островот постојат околу 500 фирми кои се во тесна врска со туризмот, а филипинската влада кажа дека ќе добијат финансиска помош.

Се уште не е познато како ќе се спроведи затворањето, иако секретаријатот за трговија и индустрија предложи затворање во неколку фази.

Потегот на владата уследи низата загрижувачки реакции за животната средина на островот, пред се поради тоа што локалните работници ја испитуваат отпадната вода и водите во островот, а Дутерте во февруари ги осуди островските хотели, ресторани и другите туристички објекти поради испуштање на канализација директно во морето.