сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Ја изгубивте страста во врската? Разбудете ја со неколку корисни совети

Ја изгубивте страста во врската? Разбудете ја со неколку корисни совети

Особено се однесува на паровите кои се долго време заедно

Тешко е да се одржи долга врска со исто ниво на страст, љубов и посветеност. Со текот на годините, таа линија тргнува по надолна патека, па не е на одмет одвреме-навреме да ја будите својата заспана страст и да се потсетувате зошто сте избрале да бидете пар. Ова се само дел од предлозите како да си ја вратите страста, доколку сте западнале во безизлезна ситуација, пишува „Bustle“.

Неочекувани љубовни моменти

Размислете за последните неколку обиди да иницирате страст. Сигурно било на крајот од денот, кога и вие и вашиот партнер сте биле премногу уморни. Наместо тоа, обидете се да започнете да водите љубов во моменти кога посилната половина тоа не го очекува, на пример наутро или веднаш по туширањето.

Зборувајте ’’валкано’’

Многу парови кои се во долги врски влегуваат во рутина, па ако се препознаете во овие зборови, земете ги работите во свои раце. Разговарајте со партнерот кога љубовниот чин во тој момент не е возможен, на пример, кога сте во кино или на вечера во полн ресторан.

Изненадување

Ако сте паднале во монотонија во врската, елементот на изненадување е вистинската работа. Ако случајно дојдете дома пред вашето момче, облечете провокативна облека (или можете да бидете без неа), тогаш штом тој се појави на вратата, фатете го за рака и одведете го во спалната соба. Сигурно нема да го очекува тоа.

Романтика само за вас

Изберете викенд кога знаете дека ниту еден од вас нема обврски, па истражете онлајн какви викенд патувања се нудат во тој период. Размислете каде не сте биле ниту вие ниту тој и изненадете го со романтични денови, каде сигурно ќе ја вратите страста.

Многу луѓе мислат дека повторното заведување е комплицирано, но потребно е само малку волја, труд и креативност.