Психолозите често нагласуваат колку е важно да се прифатат слабостите на партнерот во остварувањето здрава љубовна врска.
Никој не е совршен и сите имаме свои мани. Сè додека овие недостатоци не нѐ загрозуваат и не се извор на големо незадоволство или несигурност, ние едноставно треба да ги прифатиме.
Како да го направите тоа? Следете ги овие совети на терапевтите.
Преиспитајте колку се овие маани сериозни
Честопати нè нервираат некои аспекти на личноста на нашиот партнер кои не се баш премногу важни. Нашата фрустрација тогаш расте, но мора да се прашаме дали е оправдано во однос на тоа колку навистина се значајни недостатоците на партнерот. Ако вашиот партнер е емоционално сигурен и ги има сите други фундаментални квалитети што ви се многу поважни, тогаш едноставно игнорирајте ги споменатите ситници.
Прифатете ги сопствените недостатоци
Првиот чекор во прифаќањето на недостатоците на вашиот партнер е сознанието дека и ние ги имаме. И можеме да го иритираме партнерот со некои наши навики или карактеристики. Во моментот кога ќе се фокусираме на неговите недостатоци, забораваме дека и ние не сме совршени. Ние секогаш ја гледаме ситуацијата од наша перспектива, но понекогаш е добро да ја разгледаме ситуацијата и од нашиот партнер, со цел подобро да го разбереме неговото однесување.
Размислете зошто одредени маани на партнерот толку многу ве нервираат
Можеби ве потсетуваат на претходни лоши љубовни искуства и ги активираат старите чувства во вас. Во тој момент вие всушност не реагирате на однесувањето или личноста на вашиот партнер, туку на сеќавања и претходни настани, т.е. луѓе во вашиот живот.
Не принудувајте го партнерот на неважни промени
Нормално е да очекувате од партнерот да промени некоја форма на лошо однесување што негативно влијае на вас, него или вашата врска. Ова се големи, важни и значајни промени што можат да ја подобрат љубовната врска. Сепак, не можеме да очекуваме човек да промени сè само заради нас, а особено не да менува некои ситници што воопшто не нѐ загрозуваат, туку само повремено ни „одат“ на нерви. Не заборавајте дека некои навики или однесувања се резултат на вредностите на вашиот партнер кои можат да бидат различни од вашите. Во тој случај, треба да размислите дали сакате да бидете со личност која не ги споделува вашите вредности или не ви пречи да бидете различни.
извор: kajgana.com