Мажите се визуелни, а жените се аудитивни – ова го знаат сите што читаат магазини со совети како да станете подобар, поуспешен и позадоволен во спалната соба. Исто така, со допирот полесно се возбудуваме, но дали знаете дека и мирисот игра важна улога за добар секс?
Шведските стручњаци со истражувањето покажаа дека мажите што се родени без осет за мирис имаат помал број сексуални партнерки. Кога се во прашање дамите, осетот за мирис не им влијае на бројот на нивните врски, но жените што страдаат од аносмија (недостаток на осет за мирис) во голема мера се несигурни во своите врски.
Истражувачите од Универзитетот во Гетебург не се сигурни зошто споменатите проблеми во врската се поврзани со мирисот, но претпоставуваат дека лицата што немаат осет за мирис се понесигурни бидејќи „пропуштиле многу емотивни сигнали во својот живот“.
„Многу социјални сигнали се пренесуваат со олфакторниот канал, а овие лица тоа веројатно ги заобиколило“, објаснува психологот Илона Крој, која ја предводела оваа студија.
Резултатот од тоа е мажите ја губат вербата во себе и не се толку подготвени да ги освојуваат женските срца. Кога се работи за жените, друштвената напнатост може да премине во несигурна врска.
Студиите покажаа дека луѓето несвесно ги пренесуваат емоциите преку мирисот. Така едно холандско истражување покажа дека стравот е заразен, а стручњаците тврдат дека луѓето можат да разликуваат мирис на нервозно потење и мирис после вежбање, што може многу да влијае на нашиот избор на партнер.