Секогаш кога ви треба „простор“ во врската значи дека имате потреба да бидете сами и да си посветите себеси повеќе време. Со други зборови, сакате да ги ставите вашите потреби пред оние на партнерот. Сепак, тоа не мора да значи дека не го сакате партнерот или дека не се грижите за него. Напротив.
Грижата за себе и можноста за личен простор ќе ви овозможи да изградите посилна и поинтимна врска. Не заборавајте дека само доколку се сакате себеси можете да ги сакате и другите. Во продолжение прочитајте кои се знаците кои укажуваат на вашата потреба за поголем простор во врската.
1. Немате доволно време за себе
Дали поради вашата врска ги запоставувате вашите интереси? Можете ли да се сетите на последниот пат кога се вклучивте во некоја од вашите омилени соло активности? Доколку одговорот на двете прашања е негативен, време е да почнете да размислувате за да воспоставите повеќе личен простор.
2. Постојано се расправате со партнерот
Постојаните расправии за кои нема некаква очигледна причина се друг знак за потребата од личен простор. Притоа, свесни сте дека се нервирате и возбудувате за работи кои воопшто не се важни. Ова се случува особено доколку не можете да му ги пренесете на партнерот вашите вистински чувства кон него. Доколку, пак, си одвоите време за себе, ќе ви стане појасно за тоа што сакате и што очекувате од врската.
3. Зависите од партнерот
Дали секогаш барате одобрение од партнерот пред да донесете некаква одлука? Доколку е така, тоа би значело дека немате доволно самодоверба да се справите со животните предизвици. Од друга страна, ако си одвоите повеќе простор за себе, ќе научите како да го живеете животот користејќи ги вашите сопствени вештини и способности.
4. Го избегнувате партнерот
Дали сè уште уживате во друштвото на вашиот партнер? Сосема нормално е понекогаш да ви биде здодевно, особено доколку сте во долга врска. Тоа е знак да направите пауза, да се оддалечите за момент од секојдневието и да сфатите дали и колку ви е важен партнерот. Освен тоа, тоа може да ви помогне и да ја вратите романтиката и страста во врската.
5. Врската ви предизвикува стрес
Еден од знаците дека ви треба простор во врската е чувството на истоштеност и исцрпеност. Покрај тоа, стресот во врската не само што може да предизвика анксиозност туку и може да доведе до негативна интеракција со партнерот. Просторот надвор од врската, пак, може да ви помогне да ја ослободите фрустрацијата и да комуницирате попозитивно со партнерот и да ги решите навреме сите недоразбирања и конфликти.
Откако прочитавте кои знаци укажуваат на потребата за личен простор во вашата врска, можеби ќе сакате да прочитате и кои 15 мали нешта ги прават силните парови во здрава љубовна врска.