четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Мажите ја обожаваат оваа навика, а им помага на жените да постигнат незаборавна кулминација

Мажите ја обожаваат оваа навика, а им помага на жените да постигнат незаборавна кулминација

Најновото истражување докажа дека гледањето филмови за возрасни кај жените може да доведе до подобар сексуален живот. Ова вклучува посилни и почести оргазми за време на мастурбацијата, пренесува „Daily Star“.

Освен тоа, жените кои гледаат повеќе филмови за возрасни полесно се возбудуваат за време на сексот.

Истражување објавено во „International Journal of Environmental Research and Public Health“ опфатило 2.433 жени од Америка и Унгарија кои пополниле онлајн анкета за нивниот сексуален живот.

Резултатите покажале дека почестото гледање на порно филмови е поврзано со помали потешкотии во возбудувањето, полесен оргазам и подобро задоволство од него, како и поголема стапка на оргазам за време на мастурбацијата.

Авторот на студијата, Шон Мекнабни, вели дека нивната цел била да испитаат дали честотата на користење порнографија за време на мастурбацијата може да влијае на постигнувањето оргазам, времето потребно и задоволството од него за време на мастурбацијата и сексуалниот однос со партнерот.

Истражувањето покажало и дека нема врска помеѓу порнографијата и задоволството од сексуалните односи во врската. Исто така, студијата сугерира дека честото гледање филмови за возрасни не е поврзано со пониско сексуално либидо.

„Овие резултати ја оспоруваат вообичаената претпоставка дека порнографијата е генерално штетна за партнерските сексуални односи“, рече Мекнабни.

Тој исто така истакна дека студијата не покажала дека оргазмот на која било жена зависи од порнографските филмови.

Студијата исто така истакна дека постојат бројни други причини кои влијаат на неуспехот да се постигне оргазам. Тие вклучуваат анксиозност, депресија и пониско ниво на образование од партнерот.