петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Мислете за тоа на ВРЕМЕ: Треба да ги дознаете овие работи за мажот на самиот почеток на врската

Мислете за тоа на ВРЕМЕ: Треба да ги дознаете овие работи за мажот на самиот почеток на врската

Не дозволувајте да бидете со некој кој нема апсолутно никакви планови за иднината

Ако сте нови во врска со некој што не го познавате многу добро, треба полека да откривате важни работи за таа личност.

Мажите знаат да бидат „тешки“ во оваа работа бидејќи има и такви кои не сакаат да откриваат многу за себе и кои не се толку отворени.

Сепак, на суптилни начини, преку разговор и низ разни ситуации, дефинитивно ќе мора да му дадете до знаење дека треба да знаете одредени работи за неговиот живот, а еве кои се.

Дали расчистил со бившата

Луѓето често влегуваат во други врски додека сè уште се во контакт со поранешниот партнер. Дури се случува и многу брзо да се помират, а тоа е нешто што сигурно не го сакате. Сакате да избегнете партнерот да продолжи да пати за бившата, често да ви ја споменува, да ги чува нејзините спомени. Ако сè уште го прави тоа, бидете сигурни дека не раскрстил со минатото, а тоа ќе предизвика проблеми во вашата врска.

Каков е неговиот однос со семејството

Семејството е многу важна работа за мажот и врз основа на неговиот однос со истото, ќе можете да процените каква личност е тој. Дали доволно се цени себеси за да ја прекине врската со член на семејството кој е премногу токсичен за него или сите заедно се согласуваат и имаат добри односи и ги негуваат семејните вредности.

Каков е неговиот однос со мајка му? Ако ја почитува и сака, бидете сигурни дека ќе го примени истиот модел на однесување во вашата врска доколку се грижи за вас.

Кои се неговите планови за во иднина

Ако сте во врска со маж кој живее „ден за ден“ и нема планови, тогаш сте на лизгав терен. Големи се шансите финансиски да го понесете целиот товар на врската на грб. Здравата врска подразбира взаемно инвестирање во иднината, така што ова е важна работа што треба да ја разгледате на почетокот на врската. Секако, не се подразбира дека вакво нешто ќе го прашате веднаш неколку дена по запознавањето, но тоа ќе можете да го воочите преку разговор со него.