сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Научни објаснувања зошто некој веднаш може да не привлече, а некој не

Научни објаснувања зошто некој веднаш може да не привлече, а некој не

Дали некогаш сте се запрашале зошто некој ви се допаѓа на прв поглед, a никогаш не обрнувате ни најмало внимание на другите?

Можеби не сте очекувале, но експертите имаат одговор и на ова прашање. Како што велат, луѓето имаат тенденција да мислат дека убавината е во окото на гледачот. Но, како што сугерира студијата, ова не мора да е точно. Всушност, вистината е некаде на средина.

Стандардите на привлечност се, навистина, широко поделени, но нашите лични преференци исто така играат прилично голема улога.

Според експертите, овие работи одредуваат дали некој ќе ви се допадне „на почетокот“ или никогаш нема да обрнете внимание на таа личност.

1. Зеници

Според експертите, зениците ја менуваат големината како одговор на емоциите и тие се поголеми кога сме среќни. Истражувањата покажаа дека луѓето со големи зеници потсвесно ни се попривлечни бидејќи го покажуваат својот интерес за нас, пишува Брајтсајд.

2. Половината и колковите

Кај жените, половината и колковите отсекогаш се сметале за една од најважните карактеристики; и колку е помал обемот, толку жената е попривлечна.

3. Симетрија

Истражувањето исто така покажа дека симетричните лица ги сметаме за попривлечни од оние со помала симетрија бидејќи нашите визуелни рецептори многу полесно ги обработуваат. Сепак, колку и да ја сакаме симетријата, истражувањата покажуваат дека преферираме изглед кој е просечен. Постојат различни објаснувања за ова – или го поврзуваме со биолошки придобивки како добри гени или нашиот мозок едноставно претпочита потипични лица.

4. Храна

Една мала студија, исто така, покажа дека преференциите за храна всушност можат да го направат мажот попривлечен за жената. Мирисот на мажите кои неодамна јаделе овошје и зеленчук се сметал за многу попривлечен од мажите кои главно јаделе храна како тестенини. Покрај тоа, на жените им се допаѓа добар и убав глас кај мажите, а тој се смета за подлабок бидејќи го поврзуваат со зрелоста.

5. Мирис

Кога мажот избира жена, мирисот може да биде пресуден. Тоа не е парфем, туку мирис базиран на женски репродуктивни хормони. Истражувањата покажуваат дека жените се многу попривлечни за мажите за време на фазата на овулација бидејќи нивото на хормоните во тој период е високо.

6. Вкус

Освен мирисот, изгледот и зеницата, луѓето (не) ги привлекува вкусот на друга личност. Имено, кога се бакнуваме, разменуваме многу бактерии, а тоа има некое практично значење – ни помага да откриеме дали добро и одговараме на таа личност.