среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Ова е единствената „вештина“ која ви е потребна за добар секс – проверете дали ја имате

Ова е единствената „вештина“ која ви е потребна за добар секс – проверете дали ја имате

Експертите велат дека само една работа гарантира вистинско сексуално задоволство – целосна посветеност.

Главните елементи на целосната посветеност на партнерот се фокусирање за време на сексуалниот однос, чувство на длабока еротска интимност, добра комуникација, искреност и желба за задоволство.

Една неодамнешна анкета покажа дека многу луѓе не обрнуваат премногу внимание на самиот оргазам затоа што сексот може да биде лош со или покрај него.

Повеќе внимание се посветува на оптималната сексуалност и на идејата дека сексот може да биде неисцрпен извор на задоволство дури и без оргазам.

Повеќето од анкетираните двојки ја навеле целосната посветеност како најважен елемент на сексуалното искуство бидејќи ја нагласува меѓусебната почит, прифаќање и нежност.

Изгледот на телото и техниката се на самото дно на листата на приоритети во сексот бидејќи добрите партнери доаѓаат во сите облици и големини, а вештините доаѓаат со искуството.