вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Ова ја убива желбата за с*кс кај жената: На мажите не им е важно, а девојките не можат да се стабилизираат со недели

Ова ја убива желбата за с*кс кај жената: На мажите не им е важно, а девојките не можат да се стабилизираат со недели

Не е тајна дека припадниците на двата пола се помалку се расположени за секс кога ќе ги „згмечат“ обврските и досадните домашни работи. Едно истражување откри многу конкретни причини за тоа кај жените, ќе ве изненади!

Научниците од неколку универзитети во Канада покажаа како традиционалните родови улоги можат да имаат катастрофален ефект врз желбата за секс. Утврдени се четири основни причини – нерамномерна поделба на обврските и домашната работа, улогата на „мајка“ која жената ја презема кон партнерот, гледањето на жената како предмет и нормите кои се „подразбираат“ кога станува збор за изразувањето желба за секс.

– Жените ќе имаат помала желба за секс доколку се чувствуваат како партнерот да им е син. Од нив се очекува да бидат топли, полни со љубов и грижливи, а овој однос е основа на долга и стабилна врска, но само ако функционира во два правци. А најчесто тоа се очекува само од жена – навеле авторите на студијата.

Желбата за секс лесно се „гуши“ под тежината на очекувањата од партнерот, без разлика дали се поврзани со домашните работи, други успеси, улогата на мајка кон децата или партнерот, а еднакво погубно дејство ќе има доколку нема поддршка од партнерот.

– Заклучокот е дека цела низа фактори влијаат на желбата за секс кај жената, а не сите се биолошки или хормонални, како што често се мисли. Многу почесто имаат врска со конкретни работи во врската и односот со партнерот – заклучиле авторите.