сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Оваа навика мажите ја обожаваат, а на жените им помага да постигнат незаборавна кулминација

Оваа навика мажите ја обожаваат, а на жените им помага да постигнат незаборавна кулминација

Жените кои гледаат повеќе филмови за возрасни полесно се возбудуваат за време на сексот.

Најновото истражување докажа дека гледањето филмови за возрасни кај жените може да доведе до подобар сексуален живот. Ова вклучува посилни и почести оргазми за време на мастурбацијата.

Освен тоа, жените кои гледаат повеќе филмови за возрасни полесно се возбудуваат за време на сексот.

Истражувањето објавено во International Journal of Environmental Research and Public Health опфати 2.433 жени од Америка и Унгарија кои пополнија онлајн анкета за нивниот сексуален живот.

Резултатите покажале дека почестото користење на порно филмовите е поврзано со помали тешкотии во возбудувањето, полесен оргазам и подобро задоволство од него, како и поголема стапка на оргазам за време на мастурбацијата.

Авторот на студијата, Шон Мекнабни, вели дека нивната цел била да испитаат дали честото користење порнографија за време на мастурбацијата може да влијае на постигнувањето оргазам, времето за него и задоволството од него за време на мастурбацијата и сексуалниот однос со партнерот.

Истражувањето покажало и дека нема врска помеѓу порнографијата и задоволството од сексуалните односи во врската. Исто така, студијата сугерира дека честото гледање филмови за возрасни не е поврзано со пониско сексуално либидо.

„Овие резултати ја оспоруваат вообичаената претпоставка дека порнографијата е генерално штетна за партнерските сексуални односи“, рече Мекнабни.

Тој исто така истакна дека студијата не покажала дека оргазмот на која било жена зависи од порнографските филмови.

Студијата исто така истакна дека постојат многу други причини кои влијаат на неуспехот да се постигне оргазам. Тие вклучуваат анксиозност, депресија и пониско ниво на образование од партнерот.