четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Овие 5 совети на жените ќе им помогнат да бидат подобри во кревет во 2019 година

Овие 5 совети на жените ќе им помогнат да бидат подобри во кревет во 2019 година

Ако на вашата листа на новогодишни желби се нашла и желбата за подобар сексуален живот во 2019 година, тогаш ова морате да го прочитате.

„Дејли Меил“ состави листа од пет едноставни, но помалку очекувани работи кои би можеле да ви помогнат за подобрувањето во креветот.

1. Носете чевли со рамна пета

Жените често носат високи потпетици за да изгледаат визуелно издолжени и да се атрактивни, но гинекологот Еден Фромберг тврди дека носењето високи потпетици може негативно да влијае врз оргазмот на жената.

2. Многу вода

Водата е важна за метаболизмот и мора да пиете доволно вода за енергија при сексот. Исто така ако телето ви е хидратизирано, тоа ќе влијае и на природната лубрикација на вагината.

3. Сон

Една американска студија од 2015 година покажала дека доколку луѓето спиеле подобро претходната ноќ би биле повеќе заинтересирани за секс следниот ден. Малиот сон и тоа како влијае врз расположението на луѓето, па така да секогаш е добро да се наспиете.

4. Бидете совесни

Неколку истражувања имаат докажано дека луѓето кои се педантни, се подобри сексуални партнери.

5. Полн желудник

Не е ни чудно зошто многу состаноци почнуваат или завршуваат во ресторани, по се изгледа дека полниот желудник позитивно влијае на романтичните намери, односно дека сме отворени за романтични авантури. Логично, кога сте гладни тешко да помислите на нешто друго освен на храна.