сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Паровите се караат најмалку два пати за време на годишниот одмор

Паровите се караат најмалку два пати за време на годишниот одмор

Поголем дел од мажите и жените кои се во врска признаваат дека се караат најмалку два пати во текот на двонеделниот одмор во текот на летото.

Летувањето е време за одмор и релаксација, но и покрај тоа тензиите меѓу партнерите не исчезнуваат.

Интересно е дека јаболкото на раздорот за време на одморот најчесто е костумот за капење. Според новото истражување, премногу отворените костуми за капење на жените, предизвикува погледи од мажите на целата плажа. Тоа ги „полудува“ близу 2/3 од жените, кои признаваат дека љубомората за време на одморот на море им ескалира.

Втората најчеста причина за расправии за време на летувањето е желбата на мажите да патуваат и да разгледуваат различни места, додека понежниот пол претпочита лежалки до базенот.

Третата причина за неодобрување на жените е прекумерната употреба на алкохол од страна на нивните партнерка.

Истражувањето покажува дека 79 отсто од двојките се караат најмалку два пати во текот на двонеделниот одмор. Истражувањето покажа и дека 62 отсто од испитаниците изјавиле дека се расправаат секој ден, а шест отсто од двојките дури и резервираат различни соби за време на летниот одмор.