петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Пет работи за сексот што мажите сакаат жените да ги знаат! Еве за што се работи

Пет работи за сексот што мажите сакаат жените да ги знаат! Еве за што се работи

Што мислат момците дека жените треба да прават за време на сексот ако им е важно заедничкото задоволство?

Понекогаш преземете иницијатива

Вообичаено е мажот да иницира секс. Тоа е практика која им одговара на припадниците на двата пола. Понекогаш не е лошо да се сменат улогите и дамите да бидат тие што самоиницијативно ќе го одведат мажот во кревет. Овој чин многу ќе го возбуди вашиот сакан, а веројатно и вие ќе уживате.

Не заборавајте да комуницирате

Сексот не е време за претерана учтивост и срамежливост. Ако не ви се допаѓа она што го прави вашиот сакан за време на водењето љубов, ќе си направите услуга и себе и нему ако му кажете што е можно поскоро. Уште повеќе ќе цени ако му покажете што сакате во кревет и бидете отворени со него, пишува „City Magazine“.

Не очекувајте тој секогаш да биде расположен за секс

Знаеме дека ќе ви биде тешко да поверувате, но понекогаш се случува и мажите да не сакаат баш да водат љубов. Главен виновник за нивната незаинтересираност за оваа активност е најмногу заморот, па немојте да мислите дека проблемот е во вас.

Откријте му ги вашите сексуални фантазии

Во случај да има работи во сексот кои би сакале да ги пробате со саканата личност, пренесете му ги пред самиот чин и тој сигурно ќе даде се од себе за да ви ги исполни желбите. Мажот ќе биде возбуден од вашата сексуална фантазија исто како и вие. Ако сте поперверзни од него, не е лошо порано да му го свртите вниманието на тоа, за да не добие (не)пријатно изненадување во кревет.

Мажите се многу чувствителни после оргазам

Кога го велиме тоа, не мислиме дека се емотивно чувствителни, туку чувствителни таму долу. На крајот на краиштата, вие треба први да го разберете ова, бидејќи дамите често не сакаат да ги допираат интимните места после оргазам.