вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Позата „мачка“ е решение за сите проблеми

Позата „мачка“ е решение за сите проблеми

Женскиот оргазам е сè уште мистерија, не само за мажите, туку и за жените кои не си го познаваат своето тело и кои никогаш не истражувале што им одговара во креветот. Поради тоа, тешко доживуваат оргазам.

Меѓутоа, постои поза што ќе го реши овој проблем. Станува збор за „мачка“. Оваа поза е варијација на мисионерската и е одлична за стимулирање на клиторисот.

Односот го започнувате со мисионерската поза, така што пенетрацијата ќе биде полесна, но потоа партнерот нема да се потпира на рацете. Тој полека се спушта кон телото на жената, префрлајќи ја тежината на подлактиците и на колената. Целта е да бидете што е можно повеќе припиени еден до друг за да може машкиот полов орган да го стимулира клиторисот.

Многу важна работа во врска со оваа поза е да ги одредите точниот притисок и близината затоа што оваа поза во никој случај не е наменета за груби и брзи движења. За стимулацијата да биде посилна, се советува жената да ги крене колковите кон телото на мажот. Позата е идеална за долг секс затоа што полека доведува до оргазам, но многу интензивен, особено за жената.

извор:кафепауза.мк