вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Работи кои воопшто не му се важни, иако вие мислите дека се

Работи кои воопшто не му се важни, иако вие мислите дека се

Сигурно би можелo да се додаде уште некоја работа, но и ова е почеток…

1. Кој кому прв кажал ‘те сакам’. Најлошо што може да се случи е да се прави дека не ве слушнал или да почне да мумла нешто неразбирливо. Но многу е поверојатно дека и тој ќе ви каже дека ве сака.

2. Кој кому прв се јавил. Напротив, ќе му биде што вие сте ја презеле иницијативата и сте направиле прв чекор.

3. Дали малку сте се здебелиле. Нема ни да примети доколку не почнете да го гњавите со прашања како на пример дали нозете ви изгледаат предебели во тие панталони.

4. Како се согласувате со неговите родители. Ни тој предобро не се согласува со нив, па не очекува ни вие да ги обожувате.

5. Колку често се гледате. Два или четири пати неделно, тој нема да се вознемирува околу тоа, нити ќе ви зборува зошто сте го откачиле за час по јога.

6. Каков впечаток сте оставиле на неговите другари. Океј, ќе му биде драго доколку неговите пријатели заклучат дека сте врвно парче, но нема да се вознемири доколку некој од нив каже дека и не сте му баш симпатични.

7. Што имате на себе. Скапо црно сако или растегната маица со флеки од кечап, нему ќе му бидете подеднакво секси во се.

8. Дали сте нашминкани или не. Добро, можеби сте му малку подраги доколку сте скроз природни.

9. Каде ќе славите Нова Година. Тоа е за него далечна иднина.

10. Колку момчиња сте имале пред него. Се шегуваме, тоа им е важно иако велат дека не им е.