Едно најново истражување покажа дека жените кои ги глумат оргазмите се повеќе склони кон изневерување.
Во истражувањето, чии резултати беа објавени во списанието Archives of Sexual Behaviour, беше анализирано сексуалното однесување на хетеросексуални мажи и жени во врска и била најдена силна поврзаност меѓу случаите на жени кои ги глумат оргазмите и нивната веројатност да ги изневерат партнерите.
Поточно, ако глумите оргазам, најверојатно глумите и верност.
Сексологот Тами Нелсон вели дека според нејзиното досегашно искуство, 80% од жените некогаш изглумиле оргазам, но тоа не значи дека сите тие ги изневериле партнерите.
Претходни истражувања покажале дека жените кои редовно ги глумат оргазмите честопати се чувствуваат незадоволено или не знаат како да ги искомуницираат своите желби и потреби во кревет, што исто така може да доведе до тоа да побараат задоволство на друго место.
Глумењето на оргазмите само по себе е симптом дека нешто не е во ред со врската. Исто така, ако ги глумите оргазмите, вашиот партнер никогаш нема да знае што е она што точно ве возбудува и нема да ви го пружи задоволството што ви е потребно.
Нелсон вели дека има многу жени кои не можат да постигнат оргазам само со вагинална пенетрација.
„На повеќето жени им е потребна стимулација на клиторисот од 7 до 45 минути“, вели таа.
Нелсон нагласува дека ова се јасни показатели дека нешто не е во ред со врската, а тоа најчесто е проблем во комуникацијата. Откако ќе го надминете проблемот со создавање на здрава комуникација може да почнете да го решавате сексуалниот проблем.