петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Сексолог советува: Во текот на односот со партнерот поставете му само едно прашање и „разгорете“ ја страста

Сексолог советува: Во текот на односот со партнерот поставете му само едно прашање и „разгорете“ ја страста

Сексолог открива дека сексот со вашиот партнер ќе ви биде феноменален доколку му го поставите ова едноставно прашање.

Една работа е клучна за успешна врска, а може многу да помогне и кога станува збор за сексот.

Станува збор за комуникацијата.

Сексологот Емили Морс на својот Инстаграм профил напишала една реченица која е клучна за будење на страста во спалната соба.

„Според мое мислење, највозбудливата работа е кога партнерот ќе ве праша: Дали ова ти се допаѓа?“, вели Морс.

Со разговор може да се постигнат многу работи, а не е лошо со текот на времето да го прашувате партнерот што му се допаѓа во кревет.

Со тоа ќе создадете можност да ја унапредите врската, но и да добиете потврда за тоа што го правите, односно дали тоа е возбудливо. Можеби на вашиот партнер повеќе ќе му се допаѓа нешто што сте го правеле порано, а сепак нема да ви го каже тоа затоа што не сте го прашале.

„Некои од нас мислат дека партнерот интуитивно треба да знае се за нашата сексуална желба, но тоа е ретко возможно. Овој начин на „неверство“ во текот на сексот е давање до знаење на нашиот партнер дека нешто прави добро, а тоа доведува до поголемо задоволство, подлабока поврзаност и подобра комуникација во сите сфери на животот. Тоа е клучот на успехот во сексот“, наведува Емили.

Со неа се согласиле поголем дел од луѓето:

„Сакам кога партнерот ќе ме праша дали тоа нешто ми се допаѓа, тоа некако ме возбудува“, коментирале луѓето.