недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Што претставува вистинската љубов според будизмот?

Што претставува вистинската љубов според будизмот?

Љубовта е најголемиот благослов за човештвото. Длабоката, вистинска љубов се раѓа кога две души се поврзуваат една со друга. Но, според будизмот, со љубовта доаѓаат и желбата и копнежот што предизвикуваат страдање. Како будистите гледаат на љубовта и врските? Според светски познатиот водич, Тич Нат Хан, Буда верувал во универзална, безусловна љубов – љубовта што сите ние ја чувствуваме кон Мајката Земја.

Романтичната љубов може да биде извор на радост и среќа доколку се работи за вистинска љубов. Но, ако врската не се засновува врз вистинска љубов, таа може да доведе да предизвика болка и страдање и за двајцата партнери. Што е вистинска љубов според будизмот? Тоа е љубовта која е безусловна и ослободена од приврзаност.

Според учењата на Буда, љубовта се состои од четири елементи:

1. Маитри (добрина)

Маитри се однесува на способноста да направите некого среќен преку добрина. Доколку не можете да го усреќите партнерот во врската, тогаш постои јасен недостаток на емоционална поврзаност. Меѓутоа, за да усреќите друга личност, најпрвин треба да се усреќите себеси. Ако се борите со задоволување на сопствените емоционални потреби, не само што ќе бидете несреќни во животот туку тоа ќе ја намали и вашата способност да му пружите среќа на партнерот. Среќата зависи само од вас и од прифаќањето себеси онакви какви што сте.

2. Каруна (сочувство)

Сочувството ви овозможува да гледате со емпатија кон другите и да им пружите помош на оние на кои им е најпотребна со цел да се намали нивното страдање. Преку сочувството вие можете да им покажете на оние кои ги сакате дека се грижите за нив, наместо само да им го кажете тоа. Емпатијата ви помага да ја сфатите болката на другите и да ја претворите во љубов.

3. Мудита (радост)

Мудита е термин кој потекнува од санскритскиот јазик и означува несебична и милосрдна радост. Тоа е еден вид индиректна среќа која можете да ја доживеете благодарение на чувството на задоволство и возбуда за туѓата благосостојба. Кога го предизвикувате страдањето на партнерот поради вашите несигурности и егото, тоа доведува и до ваше, лично страдање. Затоа, престанете да го контролирате партнерот и да бидете љубоморни, а наместо тоа, вежбајте мудита.

4. Упекша (поврзување/недискриминирање/споделување)

Кога ја дискриминирате и ја исклучувате саканата личност од она што ви е важно, тогаш тоа не е вистинска љубов. Ако не чувствувате болка во страдањето на вашиот партнер и ако вашиот партнер не е задоволен од вашите достигнувања, значи дека не постои никаква духовна врска меѓу вас двајцата. Вистинската љубов не знае за поделба или дискриминација. Вашето страдање е и страдање на партнерот, а вашите проблеми се и негови проблеми. Овој начин на размислување може да ја направи врската многу посилна и посреќна.

Откако прочитавте што преставува вистинската љубов според будизмот, можеби ќе сакате да прочитате и како недостатокот на љубов спрема себеси ве спречува да ја пронајдете вистинската љубов.