вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Што всушност се случува во телото кога ќе не прегрне саканата личност?

Што всушност се случува во телото кога ќе не прегрне саканата личност?

За љубовта се испеани најубавите песни и се напишани најубавите зборови, а писателот Дејвид Тумаринсон прекрасно опиша што се случува кога мажот ќе прегрне жена.

Писателот Дејвид Тумаринсон пишува прекрасна поетска проза, а го плени интернетот со својот опис на интимна прегратка меѓу жена и маж.

Дејвид магично опиша што се случува кога маж ќе прегрне жена. Неговите зборови ја покажуваат сета моќ на прегратките и кажуваат зошто треба почесто да ги гушкаат партнерите – затоа што и жените и мажите копнеат по љубов.

„Кога мажот тивко и приоѓа на жената одзади и ја прегрнува, тој го затвора кругот. Неговиот круг и нејзиниот круг. Тоа е круг на нежност, топлина и заштита. И ја става жената токму во центарот на тој страстен круг. На овој начин, во тој момент, мажот ненамерно ѝ дава до знаење на жената дека таа е центарот на неговиот универзум. Мажот ја гушка жената во тишина. И жената стои во тишина. Чувствува топла струја што излегува од тие врели и мирни раце.“

„Кога мажот прегрнува жена, таа се чувствува како да има крилја и може да лета. Тој круг на љубов е мирен и удобен. Од таа тивка нежност се топи како коцка шеќер во шолја чај. Која е таа сега, која стои во центарот на тој круг што тлее? Што чувствува тој? Која е таа во овој момент?“

„Дали е таа жена или девојка? Дали тој се чувствува сакан или таа сака? Дали лесно ќебе тишина ги покрива нејзините раменици и ги крие нејзините мисли од мажот… Или можеби ништо не се крие во тој приватен круг? На крајот на краиштата, тој само ја прегрнува, ја штити од надворешниот свет, кој е толку ладен и осамен. И во неговите раце е топло и удобно. Овие раце се нејзината заштита и спокојство. Ова е се што жената несвесно бара, чека и се надева…“

Семејниот терапевт Вирџинија Сатир рече дека ни требаат четири прегратки дневно за преживување, осум прегратки дневно за одржување и 12 прегратки дневно за раст.

Иако ова може да изгледа како премногу прегратки, премногу прегратки се подобри од животот без нив. Прегратките, меѓу другото, се корисни за здравјето – го намалуваат стресот, не прават посреќни, позитивно влијаат на здравјето на срцето, ни помагаат да се избориме со нашите стравови… Затоа – ако сакате да ги искористите сите нивни позитивни ефекти – прегрнувајте се.