петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Што значи правилото 80:20 во врските? Важно е за да бидеме среќни

Што значи правилото 80:20 во врските? Важно е за да бидеме среќни

Едно од тие „непишани правила“ е тоа кое се однесува на тоа дека не треба да очекуваме само среќа во односот со партнерот и дека врската треба да биде само дел од нашиот живот, со запоставување на другите интересирања.

Што е правило 80:20 во заљубувањето?

Правилото 80:20 во суштина се сведува на идејата дека би требало да очекувате 80 отсто лично чувство на среќа од здравата врска. Останатите 20 треба да бидат нешто што може самите себеси да си го обезбедите. Идејата дека здравите односи се основаат на квалитетното време поминато заедно, додека секој партнер истовремено одржува сопствено чувство на идентитет надвор од врската, пренесува „The Sun“.

Ова нè спречува да станеме зависни еден од друг така што обезбедува и двајцата партнери да имаат свое време.

Зошто правилото 80:20 функционира? Постои фраза „отсуството прави срцето да расте“. Дури и доколку тоа е вечер со пријателите, просторот којшто си го давате укажува на нивото на доверба, што секогаш е едно од најважните за цврста врска.

Каде уште можете да го примените правилото 80:20 во животот?

Можете да го примените во сите видови ситуации. На пример, некои луѓе го користат на работа, оставајќи си време за своите активности надвор од работното време.

Оваа идеја промовира добра рамнотежа меѓу работата и приватниот живот и ви обезбедува енергија.