Социолозите сакаат да ги проучуваат паровите исто колку што сакаат да го проучуваат сексот.
Истражување од 2015 година објавено во еден магазин проучувало 30.000 парови во текот на 40 години. Тоа открило дека сексот еднаш неделно бил најчест избор на паровите.
Сексуалниот притисок доаѓа речиси од сите страни. Колку често имате секс со партнерот не е тоа што е најважно и што прави паровите во една љубовта врска да бидат среќни.
Стресот на работа, парични загуби или семејна драма имаат негативно влијание на вашето ментално здравје и можат да значително да го намалат либидото.
Само поради тоа што имате односи поретко отколку што мислите дека е нормално, не значи дека љубовната врска е лоша за вас.
Без оглед на тоа дали имате интимни односи четири пати неделно или уживате во спалната соба еднаш на секои две седмици, вашата врска не треба да се потпира на сексот за да се сметате себеси за среќен пар.
Вие одлучувате што е нормално, а не – науката!