Со помош на малите, но значајни ритуали, паровите покрај љубовта, ја одржуваат и страста која ја имале на почетокот од нивниот однос.
Постојат работи кои среќните парови ги прават на свој начин. Некои навики кои ги имаат уште повеќе ја зацврстуваат нивната врска.
Експертите за љубов тврдат дека во секој однос потребни се ритуали кои на посебен начин ќе ги поврзат партнерите.
Ритуали кои ги применуваат најсреќните парови:
1. Пет минути за вас пред сите други обврски
Кога ќе ви ѕвони алармот немојте веднаш да станувате од кревет, туку одвојте барем пет минути за галење со вашиот партнер. Прегрнете го, бакнете го – тоа е идеалниот начин да го започнете работниот ден.
2. Една порака е доволна за да предизвикате насмевка
Веруваме дека знаете како е да имате лош ден на работа. Одвај чекате да дојдете дома и во своите четири ѕида да заборавите на сите проблеми. Меѓутоа, една порака може да го промени текот на негативните мисли и да ве пренасочи на некое многу поубаво место.
„Те сакам, одвај чекам да те видам“, е одличен пример за порака со која може да го расположите вашиот партнер.
3. Разговарајте за емоциите
Експертите за љубов тврдат дека многу е важно љубовните парови секој ден да одвојат по барем 10 минути во текот на кои ќе зборуваат за тоа како се чувствуваат.