Секоја врска мора да се темели на искреност, па макар и на моменти таа да е непријатна.
Мажите сакаат кога жените со нив ги споделуваат нивните таинствени мисли, а особено сакаат кога можат и да ви помогнат. Затоа не воздржувајте се, бидејќи молчењето нема да ви оди во прилог.
Кажете му што чувствувате
Промените во расположението се сосема нормална работа, без разлика дали ги предизвикала нервоза, проблеми или лошото време. Она што никако не смеете да дозволите да ви се случи е да се однесувате чудно пред партнерот, без притоа да му објасните за што станува збор. Доколку му објасните, не само што ќе ви биде полесно, туку и поубаво, бидејќи тој ќе ве разбере и ќе се обиде да ви помогне.
Побарајте помош кога ви е потребна
Во ред е да мислите дека можете се сами, ама не е во ред да го изоставувате вашиот партнер од сè. Вашата врска ќе добие на цврстина кога ќе сфатите дека некои проблеми можете да ги решите заедно. Тоа што барате помош од вашето момче или маж, не значи дека во неговите очи ќе изгледате како слабак, туку баш спротивно.