Разговорите се основа на сѐ, без разлика за која сфера од животот, секогаш е важно да се држи на високо ниво и да се трудиме се да разјасниме на време. Ова е најлесниот начин да избегнете недоразбирања.
Како и со сè, постојат мали трикови за комуникација кои можат да не научат како да пливаме во морето од меѓучовечки односи, кои честопати знаат да бидат нездрави и лоши.
Сепак, има некои ситуации каде што нема многу простор за филозофија, размислување и криење. Кон кого ќе бидеме искрени, ако не кон партнерот? Искреноста е суштината на секоја врска, но понекогаш не треба да претеруваме и да плескаме се во лице.
Издвоивме неколку реченици кои ниту еден партнер не би сакал да ги слушне, изговарајќи ги нема да постигнат ништо друго освен да го продлабочат конфликтот и да водат до, можеби, поголеми последици.
Тие ја прават вашата врска лоша, нездрава и го оддалечуваат партнерот од вас:
Ништо страшно, ќе преболиш.
Ти си ист/а како татко ти/мајка ти.
Ти секогаш / Ти никогаш…
Доста ми е.
Премногу си чувствителн/на.