Вежби за подобрување на сексот? О, да! Сексот без никакво двоумење им е најомилената физичка активност меѓу луѓето. Меѓутоа иако некои ја сметаа за некој вид на тренинг, тоа и не е баш така доколку палнирате да ослабете или да согорите масти.
Имено како што покажа едно истражување мажите во текот на сексот согоруваат 4,2 калории во минута, додека пак жените 3,1 калорија. Кога ќе се присетиме дека просечно траење на сексот е пократко од 20 минути ови бројки и не се баш најдобри?
Иако сексот нема многу влијание кога зборуваме за симнување на килограмите, обратно тренингот може да има влијание на подобрувањето на сексуалниот живот. За да извлечете максимум од тренингот, а во корист на својот интимен живот би требало посебно внимание да обврнете на одредени делови од телото. Пред се збориме за мускулите на карлицата.
Едно истражување докажа дека и по породувањето за само осум недели со практикување на вежби за карлица и карлични мускули доаѓа до зголемување на силата и ефективноста на сексот. Токму поради тоа стручњаците осмислија серија на вежби со кои може да го подобрите вашиот сексуален живот и да ја вратите вашата сила и виталност.
Вежби за подобрување на сексот и сексуалниот живот
Планк (20 секунди)
Мост (15 пoвторувања)
Скок чучњеви (10-15 повторувања)
Кегелови вежби за карлица (10 повторувања со задршка 5-10 секунди)
Склекови (10-15 повторувања)
Голуб поза (1 минута на секоја страна)
Рутината може да ја повторите 3 пати или да вежбате 30 минути.
Секс по тренинг, зошто да не!
Возбудата е поголема
Вежбањето значително го зголемува сексуалното возбудување
Се чувствувате поактрактивни
За секс е многу важно каква слика има личноста за себе. Жените кои не се задоволни со својот изглед покажуваат и помала желба за секс.
Оргазмите ќе ви бидат подобри
Без оглед на тоа дали се работи за јога или кревање на тегови, секоај физичка активност помага во смалувањето на тензијата и го зголемува нивото на ендорфинот.