вторник, 30. јануари 2024. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Зошто паровите најмногу се караат за Нова година?!

Зошто паровите најмногу се караат за Нова година?!

Уште една нова година се ближи. Се трудиме да бидеме расположени, ништо да не нè нервира, бараме подароци … Сепак, ваквите денови можат да бидат и многу стресни поради дополнителниот притисок во секојдневната комуникација, брзањето, зголемувањето на обврските и се разбира, „потребата“ да се биде повеќе расположен.

Зошто паровите се караат за празниците повеќе од вообичаеното?

За време на празничните периоди има многу очекувања и активности кои нè оттргнуваат од нормалното секојдневие. Паровите повеќе се караат бидејќи им е нарушена нормалната рутина и постои притисок да се исполнат очекувањата овој период од годината да биде „магичен“, пишува „Метро“.

Овие очекувања може да се спротивни на нашите индивидуални верувања и може да се појават тензии меѓу различниот начин на гледање на нештата. Затоа најдобро е да му се препуштиме на денот со насмевка и да не се грижиме премногу за тоа што успеавме да направиме, а што не.