Талибанците ја презедоа одговорноста, тврдејќи дека владините сили претрпеле значителни загуби во неодамнешните судири.
Осуммина војници загинаа во напад на бомбаш самоубиец врз конвој на авганистанската армија.
Во последните неколку недели се случи голема ескалација на насилство и чести судири меѓу талибанските борци и авганистанските владини сили, бидејќи официјален Кабул не ја исполни својата обврска да ослободи стотици притворени припадници на талибанското движење, во рамки на договорот за размена на затвореници.
Претставник на авганистанското Министерство за одбрана изјави дека бомбашот самоубиец во возилото активирал експлозивна направа во округот Сајед Абад во провинцијата Вардак и убил осум, а ранил девет војници.
Талибанците ја презедоа одговорноста, тврдејќи дека владините сили претрпеле значителни загуби во неодамнешните судири.