Пеги и Џеф Кехо биле воодушевени поради доаѓањето на нивните здрави близначки Хејли и Џена на свет.
Идентичните сестри близначки, со своите светли сини очи и прекрасна коса, покажувале нераздвојна врска од самиот почеток.
Девојчињата растеле нормално и здраво. Но, 12 години подоцна, на 9-ти февруари 2013 година животот им се менува во момент. Пеги и Џеф ја нашле Хејли како лежи на подот во тоалетот. Таа не можела да ги отвори очите и зборувала неразбирливо.
Најлошо од се, почувствувала силна и неиздржлива болка во главата. Пеги и Џеф знаеле дека нешто не е во ред. Сепак, не биле свесни за сериозноста на нејзината состојба. Докторите од локалната болница откриле дека Хејли претрпела крварење во мозокот.
Кога им било тоа соопштено, Пеги и Џеф знаеле дека таа можеби нема да преживее. Докторите кажале дека ништо не можат да направат, била во кома и не била во состојба сама веќе да дише.
-Со Хејли цело време беше нејзината сестра Џена. Ја држеше за рака, и кажуваше дека мора да се извлече, затоа што без неа не може да живее.
Како што се открило, Хејли била родена со артроверзна мозочна малформација, заплеткување на крвните жили во мозокот кои ги поврзуваат артериите и вените. Пеги и Џеф и кажале дека таа болест треба да се лекува, инаку ќе пати цел живот.
Пред неколку дена Хејли се рабудила и сите кои ја знаат од тогаш ја опишуваат како чисто чудо.