среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

Со масло за јадење бркале зли духови од музеј

Со масло за јадење бркале зли духови од музеј

Суд во Атина осуди две бугарски државјанки на четири години условна казна, оти во атински музеј ги потурале антиквитетите со масло за јадење, и тоа од религиозни побуди, јави БТА.

Адвокатката Марија Константополу смета оти нејзините клиентки верувале дека со маслото за јадење се борат со зли духови и ги прочистуваат експонатите. Една од обвинетите држела и Библија при ритуалот и читала од неа.

Полицијата ги уапсила двете чистачки, на возраст од 48 и 51 година, претходно месецов, по сведоштво на обезбедувањето.

Многу од оштетените експонати имаат потреба од сериозна реставрација. (МИА)