понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

НЕ ЗНААТ ЗА ЗИМА: Жителите на овој град уживаат и на минус 40 степени (ВИДЕО)

На ова подрачје може да се видат рибари, пливачи и скијачи кои одлучиле викендот да го поминат занимавајќи се со спорт. Поединци уживале во трчањето и скијањето, додека други се одлучиле за потопла варијанта и возење со велосипед во спортските сали.
НЕ ЗНААТ ЗА ЗИМА: Жителите на овој град уживаат и на минус 40 степени (ВИДЕО)

Жителите на Астана не се откажуваат од капењето во реката Есил (Ишим), скијањето, ниту другите спортски активности на отворено и покрај тоа што температурата на воздухот се спушта и до минус 40 степени.

Зимата во Казахстан трае шест месеци, поради што жителите на Астана се навикнати на екстремно ниски температури и не дозволуваат тоа да ги спречи во правењето на секојдневните обврски.

На ова подрачје може да се видат рибари, пливачи и скијачи кои одлучиле викендот да го поминат занимавајќи се со спорт. Поединци уживале во трчањето и скијањето, додека други се одлучиле за потопла варијанта и возење со велосипед во спортските сали.

Улдана Романова изјавија дека и покрај ладното време, за викендите внуките ги носи на река каде заедно го поминуваат времето и си играат.

-Иако времето е времето ладно, сопругот, петгодишниот внук и јас од утрото се санкаме. Секогаш сме во движење, па не ни е ладно, додала таа.

Романова кажала дека веќе 15 години живее во Астана каде температурите во текот на зимите знаат да бидат многу ниски.

-Луѓето не се затвораат во куќите затоа што надвор е ладно. Се занимаваат со спорт и учествуваат во социјалните активности, објаснуваа таа.

Во риболов тргнал и Сергеј Сидоров, кој за да дојде до риба морал да исече мраз дебел и до еден метар.

-Риболовот е една од работите кои најмногу сакам да ги правам. Доаѓам и покрај ладното време. Тука сум во природа и одмарам. Ми претставува големо задоволство, вели Сидоров.

Алмас Сејтербајев веќе две години влегува во реката окована од мраз. Тој додава дека капењето во зима е здрав начин на живот.

-Во вода е полесно да влезеш кога е ладно. Кога е надвор минус 30, температурата на водата изнесува два до три, вели тој

Сејтербајев смета дека ладната вода е добра и за метаболизмот и дека се капат како деца од две години така и стари луѓе од 70 години.