Пожарникарите од против пожарната бригата Скопје вчера спасија заглавено маче во канализацијата под Кале.
Акцијата се изврши навремено иако не била така едноставна и резултираше со успех, а мачето било спасено, сега е безбедно и здраво.
Фотографиите и видеото беше поставено од граѓани на социјалните мрежи, а во продолжение едно големо браво за пожарникарите, погледнете.
ФБ статус на Ива Апостолоска
Огромно браво за секогаш храбрите и почитувани пожарникари од Противпожарната Бригада – Скопје (се надевам и наскоро мои идни колеги), кои вечерва се одзваа на повик за спасување на заглавено маче во канализацијата под Кале.
Еднакво огромно браво за Muhamed Ali, совесниот граѓанин кој го забележа дводневното непрестајно мјаукање на преплашеното маче, не го одмина и игнорираше, туку повика стручна помош.
Акцијата се изврши навремено (иако не беше така едноставна) и резултираше со успех.
Мачето е спасено, безбедно и здраво.
Имав чест да бидам повикана на спасувачката акција (како доброволна пожарникарка и активистка за заштита на животни), а овие несебични човечки постапки од луѓе кои се секогаш на ниво на задачата, ми се мотив плус зашто сакам да станам дел од пожарникарската служба професионално.
Благодарам од срце до херојската екипата: Nuredin Mustafa, Тони Митревски и Saso Bogdanovski
Видео и фотографии од спасувањето во прилог.
П.С. Секое суштество заслужува пружена помош и безбеден живот.
Мачето сега бара дом и верен пријател (пишете ми ако сакате да го вдомите). ♥