понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Брачен пар сакал да нахрани кенгури, а потоа се соочиле со пекол- мажот бил нокаутиран, а жената итно оперирана во болница (ВИДЕО)

Брачен пар сакал да нахрани кенгури, а потоа се соочиле со пекол- мажот бил нокаутиран, а жената итно оперирана во болница (ВИДЕО)

Еден Австралиско семејство се соочило со вистински хорор откако најдобронамерно почнале да хранат диви кенгури кои во оваа држава се заштитени со закон.

Џим и Линда Смит за тамошните медиуми велат дека се среќни што се живи.

Парот започнал да ги храни сивите кенгури кои биле дојдени во нивниот двор, а потоа започнал вистинскиот пекол.

Еден од кенгурите го нападнал прво мажот, а подоцна и неговата жена која се здобила со тешки телесни повреди откако се обидела да му помогне на својот сопруг да се одбрани.

Од болницата за тамошните медиуми велат дека Линда се здобила со скршено ребро, пукната коска на белите дробови, а бидејќи таа се здобила со многу исекотини по своето тело морала веднаш да биде оперирана.

-Страшно, ме нокаутираше еднаш или два пати, а кога еднаш ќе ве дофати, ќе видите што може да направи, вели Џим покажувајќи ги своите повреди.

Медиумите велат дека кенгурите се повлекле откако нивниот син со дрво им се спротиставил на кенгурите.