Чамец направен од тиква го урна светскиот рекорд , а сопственикот Том Пирси се прогласи за капетан .
Перси ја преплови реката Оуз во британската област Јорк во чамец направен од џиновска тиква.
Том Пирси, кој работи во ,,Јорк Лавиринт” , тврди дека е светски рекордер кој пловел во тиква, со тежина од 619 килограми.
Бидејќи во моментов нема официјален светски рекорд за најголем чамец од тиква, “Јорк лавиринт” аплицираше во Гинисовата книга на рекорди за да го признаат ова достигнување.
Огромната тиква и чамецот направен од неа ќе биде изложена во компанијата на Пирси до 4 ноември.