Пред 3 години кометата во вид на череп накратко поминала покрај Земјата, на 31 октомври. Сега се врати.
Астероидот, официјално наречен „2015ТВ145“, ќе биде најблизу до Земјата на 11 ноември. Научниците од НАСА првпат го забележале во 2015 година. Тие сметале дека станува збор за мртов астероид кој ја изгубил својата светлина по долгото патување низ Сончевиот Систем.
– Откривме дека објектот одразува околу 6 отсто од светлината што ја добива од Сонцето – вели научникот Вишну Реди од Институтот за планетарни науки.
Кога првпат поминал, астероидот ја минал Земјата на растојание од 500.000 километри – или малку подалеку од Месечината. Оваа година ќе биде уште подалеку: 40 милиони километри, па астрономите и љубителите на вселената ќе можат да го набљудуваат со телескоп, но ќе се гледа само мала точка на светлина.
– Следната повозбудлива средба ќе биде на 31 октомври 2088 година, кога астероидот ќе се приближи до Земјата на околу 20 Месечеви растојанија – вели истражувачот Томас Милер.
Сега можеби ќе изгледа различно. Астероидите може да ја променат формата кога патуваат низ вселената.
Во 2015 година астероидот се приближил доста блиску до Земјата, со што бил „потенцијално опасен“.