Јужнокорејската технолошка компанија Самсунг го промовираше својот високо очекуван телефон на преклопување за време на настан во Сан Франциско, откако ги повика развивачите на Андроид да почнат да создаваат апликации за него.
Компанијата треба да постигне успех со овој уред, за да го поврати профитот на својата единица за мобилни уреди и да врати дел од гламурот на брендот, кој таа го загуби поради Епл.
Џастин Денисон, постар заменик претседател задолжен за маркетинг на промотивните производи, покажа прототип со екран со 7,3-инчна дијагонала (18,5 сантиметри).
Кога се „склопува“ на две, уредот со „Инфинити флекс“ дисплеј претставува малку подебел смaртфон, но Самсунг не им даде можност на медиумите и на програмерите да го видат уредот одблизу.
Дејв Бурк, потпретседател одговорен за прашања за Андроид, прокоментира за време на конференцијата во Калифорнија дека Самсунг планира да лансира нов, базиран на Андроид уред, во почетокот на следната година.
– Очекуваме да видиме слични производи од неколку компании кои користат Андроид, рече тој.
Самсунг соопшти дека ќе биде подготвен за масовно производство во наредните месеци.
Девелоперот Џошуа Кларк, кој присуствуваше на конференцијата, соопшти дека Самсунг треба да ја продаваа оваа технологија на своите конкуренти, за производот да може да се користи масовно.
Самсунг е една од неколкуте компании кои развиваат телефон со дисплеј на преклопување.
Хуавеи соопштија пред некое време дека планираат да лансира 5Г паметен телефон со екран на преклопување кон средината на 2019 година.