четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Самсунг Галакси S10 + може да урне рекорд со 12 ГБ РАМ и 1TБ за складирање

Самсунг Галакси S10 + може да урне рекорд со 12 ГБ РАМ и 1TБ за складирање

Откако ја крена максимално границата со своите Галакси S9, Галакси S9 + и Галакси Ноут 9, Самсунг можеби се подготвува да го шокира мобилниот пазар со неверојатната „плус“ верзија на претстојниот предводник Галакси S10. Според новите гласини, компанијата има намера да предложи Галакси S10 + со параметри кои навистина го менуваат поимот за тоа, колку хардвер може да се најде под „капакот“ на еден смартфон.

Уште неофицијални информации сугерираат дека Самсунг Галакси S10 + може да има неверојатни 12ГБ РАМ меморија, надополнета со 1 ТБ за складирање податоци.

Ако е точно, овие 12 ГБ РАМ ќе бидат трипати повеќе од оперативната меморија која ја имаат Галакси S9 и Галакси S9 +, и два пати повеќе од она со со располага топ верзијата на компанијата – Галакси Ноут 9. Ако оваа гласина се покаже веродостојна, имено Галакси S10 + ќе биде првиот паметен телефон со толку многу РАМ меморија.

Оперативната меморија ги складира податоците од отворени апликации, овозможувајќи им на корисниците да се префрлаат помеѓу нив. Во пракса, РАМ овозможува мултитаскинг, без да мора повторно да се отвори апликација секој пат кога сакате да го користите.

Друга гласина е дека Галакси S10 + ќе доаѓа со 1 ТБ вградено складирање. Во моментов, врвот за складирање кај смартфоните е 512ГБ и е достапен во врвни модели како што се ајФон ИксЕс, ајФон ИксЕс Макс и Галакси Ноут 9.

Конечно, Галакси S10 + се очекува да има дијагонала од 6,7 инчи и четири задни камери, надополнети со двојна предна.