Иако многумина мислат дека мачките се нечувствителни и тврдоглави суштества, постојат многу приказни кои ги разбиваат тие предрасуди. Ова е една од нив.
Луѓето често говорат дека мачките ја гледаат само својата корист и дека ги сакаат своите сопственици само кога треба да добијат храна. Но, не сме сигурни дека тоа е баш така.
Оваа мачка докажа дека и мачките имаат чувства и се приврзуваат. Во видеото коешто можете да го погледнете подолу, едно девојче плаче, а нејзината мачка пробува да ја утеши. Ова видео брзо стана вирално и ги разнежни луѓето низ цел свет.
Уживајте во ова преслатко видео!