Верувале или не, сѐ уште постојат луѓе што го користат „Интернет експлорер“. Но, „Мајкрософт“ вели дека тоа не баш добра идеја. Всушност, ги советува да престанат да го користат затоа што стана опасен.
Како што објаснува Крис Џексон од „Мајкрософт“, низ годините „Интернет експлорер“ од интернет-пребарувач се претворил во обично компатибилно решение кое не ги поддржува новите интернет-стандарди. Токму затоа ги повикува корисниците да „заборават“ на „Интернет експлорер“ и да почнат да користат модерни веб-пребарувачи.
Според Џексон, во ред е да се користи „Интернет експлорер“ кога е неопходно, на пример, за одредени решенија на претпријатијата, но дури и тие компании не треба да го користат како стандарден веб-пребарувач.
„Мајкрософт“ помогнал да се влоши проблемот со спојување на неговиот сегашен веб-пребарувач „Еџ“ со „Виндоус 10“, ограничувајќи ја неговата способност да се користи на постари верзии на „Виндоус“.
Се проценува дека околу 10 отсто од сите корисници на интернет сѐ уште го користат „Интернет експлорер“ како основен интернет-пребарувач. Освен тоа, голем број страници на интернет инсистираат на користење на „Интернет експлорер“ како основен интернет-пребарувач.