Љубовта е смешна, но и магична. Таа е и најмоќна. Кога ќе ја најдете личноста која ќе ве направи да се чувствувате како најзначајната личност на светот, не ја пуштајте.
Велат дека „те сакам“ се најмоќните зборови кои можеме да ги слушнеме од друга личност, но постојат и мали нешта кои ги правиме за другата личност кои имаат еднаква моќ и кои покажуваат колку таа ни значи.
Појадокот наутро.
Кога заспиваат, но продолжуваат да зборуваат со вас, бидејќи уживаат во тоа.
Спонтани пораки во текот на денот.
Бакнежи во образ и на челото.
Кога слушаат за вашиот стресен ден и проблеми.
Кога можат да го препознаат вашето расположение по вашиор поглед.
Кога ги заплеткуваат своите стопала околу вашите.
Кога ви се насмевнуваат без причина и кога можеме да забележите во нивниот поглед дека сте сакани.
Кога прават шеги за вас со вашите пријатели.
Кога ја паметат вашата омилена песна.
Кога ве изненадуваат со мали подарочиња за нешта кои ги сакате.
Кога ви даваат до знаење дека сте првата и последната личност на која помислуваат во текот на денот.