вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Кажете му ТЕ САКАМ на вашето куче: Ја чувствуваат љубовта, а еве со кои гестови покажуваат дека тие ве сакаат вас

Кажете му ТЕ САКАМ на вашето куче: Ја чувствуваат љубовта, а еве со кои гестови покажуваат дека тие ве сакаат вас

Емотивното задоволство што го доживуваме кога некој ќе каже „те сакам“ е тешко да се опише со зборови. Тие едноставни два збора предизвикуваат прекрасно чувство во нас, особено ако доаѓаат од личност кон која имаме чувства.

Дали знаевте дека луѓето не се единствените суштества кои чувствуваат наплив на среќа кога некој ќе им изрази љубов?

Новото истражување покажа дека кучињата разбираат и кога ќе им кажеме дека ги сакаме. Веќе некое време знаеме дека нивните очи не светат само затоа што сакаат да се гушкаат или затоа што се гладни, туку затоа што навистина ни покажуваат дека нè сакаат на неверојатен начин. Ако вашето куче ве гледа во очи, се потпира на вас, ги носи вашите чорапи и уринира кога ве гледа, тој ви покажува дека ве сака на свој посебен начин.

За да се добие подобра слика за тоа како кучињата физички реагираат кога им изразуваме љубов, тимот на „Canine Cottages”  стави апарати околу вратот на кучињата за отчукувањата на срцето и ги следеше една недела.

Тие заклучиле дека секој пат кога сопственикот ќе му каже на кучето дека го сака, срцето на миленикот чука побрзо.

На пример, нормалниот пулс на кучето е 67 отчукувања во минута, а откако доби позитивно внимание од љубов, пулсот се зголеми на 98 во минута, што претставува зголемување за неверојатни 46 проценти.

Иако кажувањето те сакам на кучето е доволно за да го направи среќен, постојат и други начини на кои можеме да им покажеме на нашите миленици љубов. Еден од нив е триење на ушите. Ушите на кучето содржат нервни завршетоци кои испраќаат импулси низ телото и ослободуваат хормони одговорни за доброто расположение.

Има и друг начин, а тоа е одвреме-навреме да го храните кучето рачно. Тоа е особено корисно ако тренирате кученце, но рачно хранење куче на која било возраст е еден од најголемите знаци на љубов.

Сè додека му покажувате на вашето куче љубов и наклонетост, тоа ќе разбере. Меѓутоа, ако одвреме-навреме му ги триете ушите и гласно му кажете дека го сакате, ќе добиете огромна доза љубов која сигурно ќе ви го разубави денот.