сабота, 4. ноември 2023. Вести денес: 70
home Живот и стил

Совети за помалку стрес и понизок крвен притисок

Совети за помалку стрес и понизок крвен притисок

При висок крвен притисок, неминовно следи грижата за здрав животен стил, пред сѐ – со помалку извори на стрес и поволна исхрана. Има повеќе начини за едноставно и брзо намалување на притисокот.

Основниот совет сепак, гласи – никогаш да не се крие притисокот од лекарите бидејќи тоа може да го попречи и / или одложи потребниот третман и да доведе до посериозни здравствени проблеми. Натаму, според „Харвард хелт паблишинг“ (Harvard Health Publishing), една од најпознатите методи за намалување на стресот е длабокото дишење. Рамномерното бавно длабоко вдишување и издишување во траење околу 15 минути на ден е доволно за намалување на крвниот притисок.

Сокот од цвекло, исто така, е полезен. Тоа содржи нитрат којшто ги шири крвните садови и го подобрува протокот на крв во човековото тело. Дневниот внос во исхраната би требало да е 250 милилитри сок од цвекло, според стручњаците.

Бананите, пак, се богати со калиум, а тоа е електролит и има важна улога кога станува збор за крвотокот и отчукувањата на срцето.

При чувство на висок крвен притисок, следниот совет гласи – испијте чаша вода. Според лекарите, општо, се препорачуваат барем 10 чаши вода дневно.

И брзото пешачење може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, но за да се постигне тоа, треба да се пешачи најмалку 15 минути. Инаку, најмалку 30 минути физичка активност, пет дена во неделата, може да го намали севкупниот крвен притисок. Сѐ тоа го надополнуваат одморот и попладневната дремка, коишто го забавуваат срцевиот ритам, што може да биде особено корисно, на пр., пред лекарска проверка на крвниот притисок.