четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Решение за станбената криза во Хонг Конг: Куќи од 10 квадратни метри (ВИДЕО)

Решение за станбената криза во Хонг Конг: Куќи од 10 квадратни метри (ВИДЕО)

Хонг Конг денес е толку скап за градење, така што е речиси незамисливо некој со просечна заработувачка да купите стан во овој кинески град.

Поради тоа, група архитекти се досетиле да градат куќички што се протегаат на површина од едвај десет квадратни метри. Интересно е што тие се изработени од бетонски водоводни цевки, јави „Бизнис инсајдер“.

Џејмс Лао, еден од хонгконшките архитекти, смета дека овие микро-домови би можеле да ја ублажат станбената криза во градот, оти нивниот ентериер ги има сите погодности на современиот дом.

Парчињата водоводни и одводни цевки може да се сместат меѓу згради, на напуштени бродоградилишта или до самите автопатишта.